МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Росоманчани ке организираат и натпревар во чест на Никола Темов Мускулот

Според последните информации на крајот од оваа недела ке биде извршена жрепката и ке биде утврден форматот и одреден датумот за старт на третата МФЛ група југ. Фудбалскиот клуб Росоман најави дека единствена цел сезонава ке им биде експресно вракање во втората лига која од следната сезона ке биде единствена. За таа цел управата на клубот работи турбо и се обидува да ја затвори финансиската конструкција барајки спонзори и донатори преку компаниите и физичките лицакои се расположени да му помогнат на клубот во остварување на таа цел. Исто така клубот ги пушти во продажба сезонските билети за 2022 а ги информираше сите оние кои купиле такви билети во 2021 дека истите ке можат да ги користат во оваа 2022. Клубот одигра и еден контролен натпревар во кој беше совладан тимот на Вардар од Неготино со 3-1. Исто така потврдено е дека ке се организира еден пријателски контролен натпреват во чест на легендата Никола Темов Мускулот. Оваа средба ке се оодигра пред стартот на новата сезона.

м.в.