фото - архива ртк.мк
Тетовчани славеа со 2-1 но кавадарчани можеа да го изненадат фаворизираниот противник
23 коло од ПМФЛ донесе доминација на фаворитите. Шкупи го доби Работнички со 2-0 а Академија Пандев се помачи со Струга ТЛ но славеше со 1-0, Македонија ЃП и Скопје ги поделија бодовите играјќи 1-1 а Брегалница убедливо со 3-0 го доби Борец. Денес играат Ренова и Пелистер а фудбалерите на Тиквеш имаат тешко гостување кај Шкендија. Тетовчани поведоа со 1-0 но Тиквеш не се предаваше. Во 75 мин капитенот Вареловски израмни на 1-1. Во самиот финиш кавадарчани имаа убава шанса да освојат три бода но среќата им го сврте грбот. Казната стигна во 90 мин кога попушти концентрацијата на одбраната на Тиквеш а Нуфиу казни и постигна гол вреден 3 бода.Второлигашите ги одиграа средбите од 19 коло. На истокот водечките екипи ја искористија предноста на домашниот терен. Слога минимално со 1-0 го совлада Пехчево, Беласица го доби Детонит со 2-0. Саса со 1-0 славеше против Братство а Осогово ја наполни мрежата на Локомотива и славеше со 6-0. Единствено киксна Победа која во дербито во Прилеп одигра 1-1 со Кожув.И во западната конференција доминираа домашните екипи. Воска со 2-0 го совлада Кораби а Вардар со 1-0 Охрид, Тетекс со 2-0 ја доби Велешта а Гостивар со 6-1 го декласираше Кадино. Киксна само лидерот Силекс кој во Кратово одигра 0-0 со Беса.
М.В.