МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Росоман загуби од Превалец а Вардар Неготино победи на гости кај Марена

Вчера се одиграа средбите од вонредното 6 коло во третата фудбалска лига – југ. Дербито на колото се одигра во Росоман каде гостуваше тимот на „Превалец„. Гостите славеа со 0-2 и го превзедоа врвот на табелата. Во комшиската пресметка Марена на домашен терен загуби од „Вардар“ од Неготино со 0-2 . „Питу Гули“ исто така загуби на домашен терен и тоа минимално со 0-1 од екипата на „Големо Коњари“. “Ново Црнилиште„ го совлада „Динамо“ со 3-1 а со идентичен резултат „Младост“ во Кривогаштани го совлада тимот на „Слога„ од Лажани. Со ист резултат 3-1 заврши и натпреварот во кој „Обршани„ го совлада „Бучин„. Екипата на Возарци „ДМД„ во ова коло беше слободна.На табелата води Превалец со 15 бодови и средба помалку а следуваат Росоман и „Големо Коњари“ кои собраа по 13 додека „Вардар„ Неготино се искачи на 4 позиција со 11 бодови.

М.В.