МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Водечките екипи кај второлигашите се фаворити и играат на домашен терен

По големите репрезентативни возбудувања продолжуваат турбуленциите во македонскиот фудбал. Прволигашите во недела ке ги одиграат средбите од 25 коло. Двојките се Брегалница – Ренова , Македонија ЃП – Пелистер, Шкендија – Борец, Академија Пандев – Скопје а средбата Работнички – Струга ТЛ се игра утре. Екипата на ГФК Тиквеш ја продолжува борбата за опстанок но во ова коло ке има супер тешка задача бидејки му гостува на лидерот Шкупи.Второлигашите во сабота ке го одиграат 21 коло. На истокот водечките екипи се фаворити бидејки играат на домашен терен. Паровите се: Беласица – Локомотива, Победа – Братство, Слога – Детонит, Саса – Осогово и Пехчево – Кожув. И на западот водечките играат дома. Силекс – Охрид, Вардар – Кадино, Воска – Велешта, Тетекс – Гостивар и Беса - КорабиВо втората футсал лига викендов ке се играат средбите од 18 коло. Денеска ке играат Црешово Топче – Овче Поле а во недела Астибо – СЕЕ Универзити и Кеги Моби – Мал Ајакс. Во понеделник во Кавадарци се игра дербито помеѓу Клими и Конзули. Кавадарчани можат да стигнат до втората позиција на табелата но за тоа ке им треба победа во дербито дотолку повеке што во ова коло се слободни Форца и Кардашлк.

М.В.