МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Кавадарчани не ги искористија своите шанси па Работнички ги казни за промашувањата

Фудбалерите на ГФК Тиквеш во рамките на 27 коло повторно се минимално поразени овој пат на гостувањето кај Работнички со 1-0. Кавадарчани имаа свои идеални шанси за постигнување на гол кои не ги искористија по што стигна казната и единствениот гол кој на Работнички му донесе 3 бода. На останатите средби Македонија ЃП – Брегалница 1-1, Шкендија – Ренова 1-1 , Академија Пандев – Пелистер 2-0, Шкупи – Борец 3-1 и Струга ТЛ – Скопје 1-0.Второлигашите го одиграа 22 коло. На истокот киксна само Саса која дома одигра 2-2 со Пехчево. Локомотива во Градско минимално загуби од прилепска Победа со 1-2, Осогово – Беласица 0-5, Братство – Слога 0-3 и Детонит – Кожув 2-2. Слично е и во западната конференција каде киксна Вардар кој загуби на гостувањето кај Гостивар со 2-1. Велешта – Силекс 1-2, Охрид – Кораби 2-1, Кадино – Воска 1-2 и Тетекс – Беса 0-0.Третолигашите од група југ го одиграа 10 коло. Вардар во Неготино со гол во 95 мин го совлада Бучин со 3-2. Росоман со 2-1 го победи Динамо а со ист резултат 2-1 Марена беше подобро од Возарци ДМД. Во останатите средби Питу Гули – Ново Црнилиште 2-1, Превалец – Слога 4-1 и Обршани - Големо Коњари 2-2Во втората футсал лига викендов се одиграа средбите од 19 коло. Мал Ајакс – Астибо 4-0, СЕЕ Универзити – Конзули 1-6 а Клими остана во трка за место кое носи пласман во прва лига откако со 2-5 славеше нагости против последниот Кардашлк.

м.в.