МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Кавадарчани губеа на полувреме со 1-0 но направија пресврт и славеа со 1-2.

Фудбалерите на ГФК Тиквеш се вратија со полн плен од гостувањето на Автокоманда кај екипата на Скопје. Домакинот поведе во 20 мин но кавадарчани немаа намера да се предадат. Во 62 мин Каракамишев израмни на 1-1 а целосен пресврт и победа за Тиквеш донесе Спахиу со гол во 73 мин. Со оваа победа ГФК Тиквеш го прескокна и Скопје на табелата. На останатите средби Борец ја изненади Струга и победи со 2-0. Македонија ЃП – Работнички 1-0, Брегалница – Шкендија 0-0, Ренова – Академија Пандев 0-1 и Пелистер - Шкупи 0-1.Второлигашите ги одиграа средбите од 23 коло. На истокот во дербито Беласица ја совлада Саса со 2-0. Во останатите дуели Победа – Осогово 2-1, Кожув – Братство 0-0, Пехчево – Детонит 0-1 и Слога – Локомотива 8-0. Во западната конференција во дербито Вардар - Тетекс 4-0 а во останатите дуели Силекс – Кадино 5-0, Беса – Охрид 1-0, Кораби – Велешта 3-1 и Воска - Гостивар 0-0.Третолигашите од група југ го одиграа 12 коло во кое Вардар во Неготино го растури Динамо со 10-0. Превалец со 3-1 го совлада Возарци а во дербито Росоман и Големо Коњари одиграа 0-0. Бучин - Слога 3-1 , Питу Гули - Младост 3-0 и Обршани - Ново Црнилиште 0-4.

viber_image_2022-04-18_08-23-00-442

M.В.