МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Карчески треба да ја пополни празнината по левата страна која настана со заминувањето на Љамчевски

Влатко Костов и ГФК Тиквеш продолжуваат да го составуваат ростерот за следната сезона. Сооглед на фактот што клубот задржа околу 90 проценти од фудбалерите кои и минатата сезона ги бранеа боите на Тиквеш за очекување беше да се пополнат позициите кои настанаа со поедини заминувања од клубот. Ѓорчевски беше доведен да ги пополни празнините од заминувањето на Делов и Каракамишев, а Мирковиќ беше доведен за уште посилен офанзивен ред на кавадарчани. Последна аквизиција за кавадаречкиот прволигаш е Даниел Карчевски кој ке треба да ја пополни празнината на левата страна која настана со заминувањето на Љамчевски. Карчевски минатата сезона со прилепска Победа избори влез во првата лига но се реши да ја промени средината. Пред Победа, Карчески има настапувано и за екипите на Силекс и Шкупи.

М.В.