МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипата на КК “ Спортисимо” e победник на регионалниот турнир -Баскет Фор Кидс (Basket4Kids) за играчи до 13 години кој се одржа во Кавадарци во Спортската сала Јасмин во организација на Sport Klub.

На турнирот учествуваа екипите на :

– ПРО-БАСКЕТ Кавадарци

– СПОРТИСИМО Кавадарци

– РОЛИНГ Струмица

– МВП Струмица

– МЛАДОСТ Битола

– ЈУНИОР Битола.

По победите над екипите на Младост од Битола со резултат 38-10, младите кошаркари на Спортисимо ја совладаа и екипата на Ролинг од Струмица со резултат 32-24 .

КК “ Спортисимо ” со овие две победи го освои првото место во групата и играше во финалето со екипата на Јуниор од Битола која беше првопласирана во својата група.

Финалниот натпревар беше неизвесен само на почетокот, односно во првото полувреме.Во второто полувреме екипата на СПОРТИСИМО со подобра игра успеа да поведе со двоцифрена предност која ја задржа до самиот крај .

Конечниот резултат гласеше КК СПОРТИСИМО 35 -22 КК ЈУНИОР.

Како шампион на регионот екипата на КК “ Спортисимо” обезбеди учество на Републичкото финале кое ќе се одржи во Скопје , а на кое ќе учествуаат 4 екипи кои се победници во своите реони.

Победникот на овоj finalfour турнир ќе ја претставува Р.Македонија на најдобрите екипи од ex Ју просторите кој ќе се одржи во Словенија.

Тренери на екипата на КК Спортисимо Мирослав Златески и Марјанчо Јанкулов.

M.Јанкулов

53020256_2180811841941904_4683725182760648704_n.jpg

52980023_2171348639861631_351660879835561984_n.jpg

52942940_294883991191841_8420604419728474112_n.jpg