МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЦИ КАЈ МОМЧИЊАТА КЕ ИМА ПРЕТСТАВНИЦИ ВО „ЕУРО НИКЕЛ“, „СПОРТИСИМО“ И „ПРОБАСКЕТ“ А КАЈ ДЕВОЈЧИЊАТА ВО „ТРОКАЛ“ И „ПРОБАСКЕТ“

Младинските кошаркарски лиги (мажи и жени) за сезона 2020/2021 беа одложени за извесен временски период, и ќе стартуваат од овој месец.Сите натпревари ќе се играат според протоколот за Covid 19, пропишан од Владата , и приспособен од страна на Федерацијата. Првото првенствено коло, во М18 конкуренцијата (мажи) ќе се одигра на 27 февруари. Она во М16 на распоредот е на 6 март, додека во М14 лигата во машка конкуренција е предвидено за 20 март.Да тргнеме по ред ;

Во 18 лигата пријавени се вкупно 24 екипи и истите ќе бидат поделени во Прва и две Втори лиги (исток и запад). Првата лига ќе брои осум екипи кои ќе играат по еднокружен бод систем (оролоџо) односно само седум кола.По одигрување на седумте кола првопласираните четири екипи од првата лига ке паузираат а второпласираните четири односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните две екипи од двете втори лиги. Натпреварите ке се играат во два добиени натпревари а победниците од разигрувањето ке се пласираат во четвртфиналето итн.По ист принцип ке се играат и средбите од првата фаза во двете втори лиги а само да споменеме дека во втората лига исток ке настапува екипата на „Еуро Никел“.Иста поделба и начин на играње имаме и во категоријата М16.Во категоријата М15 пријавени се само 16 екипи кои ке бидат поделени во две групи а во групата А ке играат екипите на „Спортисимо“ и „Пробаскет“. Откако ке се одиграат првите 7 кола ке се игра 1/4 финалето во кое ке учествуваат четирите најдобри од двете групи.Идентично исто ке биде и во категоријата М14 а во М13 ке има 12 екипи поделени во две групи и во секоја група ке се игра двокружно по 10 кола. Во групата исток ке бидат дечките од „Спортисимо“.Во М12 ке има 10 екипи во две групи кои ке играат двокружно значи во секоја група по 8 кола.Кај девојките во категорија М18 има 10 екипи поделени во две групи а во групата исток се нашите девојчиња од „Трокал“ и „Пробаскет“. Ке се игра двокружно значи по 8 кола во секоја група а двете најдобри од секоја група ке играат во полуфиналето.И во М16 се е исто - и таму „Трокал“ и „Пробаскет“ се во иста група и ке се игра по ист принцип.Истиот принцип ке се применува и во категориите М14 и М12 кај девојчињата.

м.в.