МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КОШАРКАРИТЕ НА ПРО БАСКЕТ ГОСТУВААТ КАЈ НЕПОРАЗЕНИОТ ТИМ НА АНГЕЛИ ВО 6 КОЛО

Во дербито на 5 коло од втората машка кошаркарска лига во источната конкуренција „Агели“ беа убедливи против ослабениот „Борец Баскет“ и славеа со 83:56, а „Чаир“ беше убедлив во западната конференција против „Спарта“ и славеше со 83:69 па сега екипите на „Ангели“ и „Чаир“ се лидери во групите со максимални пет победи. На истокот „Шкупи“ со минимални 76:74 го совлада „Баскет КАМ“, додека пак „Феникс“ без проблеми на гостувањето го победи вториот тим на „Куманово“ со 49:78. „МКК Куманово“ ја искористи предноста на домашниот терен и го победи „Ролинг“ со 92:71,а во Кавадарци „Про Баскет“ буквално му ја подари победата на тимот на „Струмица“ откако одиграа катастрофални последни 15 мин и загубија со 58:64.На западот „Хераклеа“ излезе како победник во најинтересниот меч во овој круг. Против екипата на „Тетекс“ битолчани славеа со минимални 62:60 што воедно беше и прв пораз за тетовчани сезонава.На останатите натпревари се реализираа и две „стотки“. „Охрид“ во дуелот со „Пелистер МК“ славеше со 105:88, и екипата на „Партизан ВС“ славеше нагости против Риниа со 73:102. Во последниот натпревар „Мега Баскет“ беше убедлив против „Спорт Тим“ со 96:52. Следното коло на програмата е веке утре а кошаркарите на „Про Баскет“ ги чека тешко гостување кај непоразениот тим на „Ангели“

м.в.

127634639_136784831263523_3451053142126447418_n