ДЕВОЈКИТЕ ГИ ИГРААТ ЗАОСТАНАТИТЕ СРЕДБИ ОД ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ И ТАКА ЈА КОРИСТАТ ПАУЗАТА ВО ПРВЕНСТВОТО
Паузата во првенството, дел од екипите во Првата женска кошаркарска лига ја искористија да одиграат одреден број на заостанати средби. Ова особено се однесува за екипата на „Гостивар“, која за доста краток временски период, одигра дури пет натпревари. Прво во заостанат натпревар од првото коло „Гостивар“ загуби од „Струга“ со 21:81. Следуваше гостување кај „Работнички“, средба од второ коло и нов пораз со 80:53. Па уште едно гостување овој пат во Скопје кај „Бадел“ и убедлив пораз на гостиварчанки со 110:40 во рамките на средба од 4 коло. Се одигра и заостанат натпревар од третото коло во кој се сретнаа „Крива Паланка“ – „Баскет КАМ“ а победата ја однесоа гостите со 58:102 и ја задржаа лидерската позиција во групата исток. Да се вратиме на екипата на „Гостивар“ бидејки во заостанатите средби од 5 и 6 коло тие дојдоа до првите победи во сезоната. Прво беа подобри од нашите девојчиња од екипата на „Трокал“ со 61:53, за да веднаш потоа ги совладаат и „Пантери“ со 70:44. Максимален ефект во групата запад имаат кошаркарките на „Бадел 1862“. Тие во рамките на заостанатиот натпревар од 6 коло со убедливи 115:31 славеа во дуелот со екипата на „Шкупи“.
м.в.