Во групата А се е веке решено а во групата Б,, Гризли,, и ,,Патриот,, ке решаваат за првите две места

Екипите на Бадел и на Баскет Кам дефинитивно ке го завршат регуларниот дел од сезоната во првата елитна кошаркарска женска дивизија А на позициите 1 и 2. Актуелниот лидер, екипата на Бадел ке ја има и ке ја задржи полпозицијата пред актуелниот бранител на титулата и актуелен освојувач на Купот, Баскет кам во пресрет на последното коло. Вонредното 6 коло од оролоџото се одигра вчера. Со победата во дербито против Вардар од 69-89 Бадел се одлепи на 3 бода од Баскет Кам кој беше слободен во ова коло а во последното коло Бадел е слободен па без разлика на исходот од натпреварот Баскет кам – Пробаскет овој викенд Бадел ке заврши како прв, Баскет кам како втор, Вардар ке заврши на позицијата 3. Пробаскет вчера во салата Партизан го изненади фаворитот Струга и го одигра најдобриот натпревар сезонава во кој славеше со 59-52 благодарејки и пред се на блескавата партија на Кејтлин Моник Томас која постигна 32 поени но и на одличното издание на Елеонора Георгиева Атанасова чии 13 поени но и играта во одбрана беа клучни за победата. Во оваа група останува само да се види кој ке заврши како четврти а кој како петти бидејки МЗТ најверојатно ке биде на позиција 6 но сепак имаат шанси и за некое место погоре а Пробаскет од позиција 7 ке игра бараж. МЗТ вчера нагости со 60-61 славеше кај Крива Паланка и се израмни со Струга со бодевите но во последното коло ке игра со Вардар а Струга и Паланка во меѓусебниот дуел ке решат дефинитивно за позициите 4 , 5 и 6.Во групата Б во последното коло овој викенд Гостивар игра со Тим Арена, Куманово со Шкупи а Трокал со Риниа. Сите непознаници ке се решат на дуелот помеѓу Патриот и Гризли Пред последното коло, Гризли има ист број бодови со Трокал но и предност во однос на составот од Кавадарци поради подобриот скор во двата меѓусебни дуели . Но сепак ќе им биде потребен триумф против Патриот за да обезбедат место во погорниот, поточно, поквалитетниот ранг на натпреварување бидејки Патриот има само бод помалку од водечките и со победа може да стигне до позицијата 2.

М.В.