202 СМ ВИСОКИОТ ЦРНОГОРЕЦ МАРКО ПЕРОВИЌ Е НОВА АКВИЗИЦИЈА НА КАВАДАРЕЧКИОТ ПРВОЛИГАШ

Во обидот да се обезбеди пласман во кошаркарскиот плеј оф екипата на „Еуро Никел“ паузата во првенството ја искористи да ги консолидира сопствените редови и да ги пополни проблематичните места во тимот па продолжи да ангажира нови имиња и потпиша со црногорскиот интернационалец Марко Перовиќ. Перовиќ е висок 202 сми и настапува на позицијата центар доаѓа од Косово каде го носеше дресот на Пеќ. Претходно „Еуро Никел“ потпиша и со високиот Хрватот Роберт Рикиќ кој исто така настапува на центарската позиција. 28-годишниот Перовиќ во кариерата настапувал за „Левички Патриоти“ од Чешка, „Феникс Галаци“ од Романија, „Ибар“, „Улцињска Ривиера“, „Сутјеска“, „Морнар“, „Подгорица“ и.т.н. Кавадаречкиот состав досега одигра единаесет средби и се наоѓа на петтото место во првата лига со скор од 7 победи и 4 порази.

Клунот им се заблагодари на услугите на доесгашните интернационалци Влаховоќ и Казарновски.

м.в.