МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ СО ПРЕСВРТ ВО ФИНИШОТ ДОЈДОА ДО ВАЖНА ПОБЕДА НА ГОСТУВАЊЕТО ВО КУМАНОВО

Во натпревар со многу пресврти и промени на водството екипата на „Еуро Никел“ од гостувањето во Куманово кај истоимената екипа се враќа со полн плен. „Куманово“ водеше во првото полувреме. По првите 10 минути имаа предност од 24:20 а на полувреме 43:39.Пред крајот на третиот период кумановци поведоа со 65:54 а во 32 мин водеа со 71:61. И тогаш тргна серијата на кавадаречките кошаркари.За 4 минути кавадарчани направија серија од 11:2 и стигнаа само на поен предност 73:72.Серијата на „Еуро Никел“ ја продолжи Соколов со чии две тројки од кои втората на 38 сек до крајот кавадарчани водеа со 76:78.Потоа капитенот Петровски погоди само 1 слободно за 76:79 но брзо Робев со 2 поени врати на 78:79 па на 1 секунда Петровски требаше да изведе 2 слободни. Ги промаши и двете но за среќа на „Еуро Никел “ немаше време па конечниот резултат остана 78:79. Важна победа за кавадаречкиот состав во борбата за место во плеј офот.

м.в.