МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ГО ДОБИЈА МАРАТОНОТ СО ДВЕ ПРОДОЛЖЕНИЈА - А ВО ВЕЧНОТО ДЕРБИ РАБОТНИЧКИ МИНИМАЛНО ГО СОВЛАДА МЗТ

Во вчерашните заостанати средби се одиграа два мошне интересни и неизвесни дуели. ЕуроНикел во Кавадарци дури по две продолженија дојде до победата над екипата на Куманово. Првата израмнета четвртина ја добија кавадарчани со 16:14. Во вториот период предводени од Рикиќ и Петровски ЕуроНикел стигна до 42:34 на полувреме.Во третиот период кумановчани се вратија во игра па во последните 10 мин се влезе со минимални 65:63. Во последниот период резултатска клацкалка - двете екипи се менуваа во водство а во самиот финиш Рикиќ погоди само едно од двете слободни за 86:86. Куманово преку Марковски можеше до победата но овој промаши па се играа екстра 5 минути.Во првото шпродолжение при резултат 98:98 Дубински промаши шут за три поени па мораше да се игра и второ продолжение. Во финишот на овие дополнителни 5 мин Рикиќ погоди за 112:108. На спротивната страна промаши Ѓекиќ а кавадарчани воопшто не нападнаа туку само ги потрошија секундите од нападот и му оставија на противникот 4 секунди. Андрејевиќ погоди за три поени но и за конечни 112:111 бидејки сирената го означи крајот. За кавадарчани ова е 7 победа во серија и за момент се први на табелата со натпревар повеке од Пелистер кој заостанува 1 бод. Во вториот натпревар, во големото скопско дерби МЗТ на домашен терен загуби минимално од Работнички со 74:75. Работнички засега има скор од 12 победи и 5 порази а МЗТ има 10 победи и 6 порази.

М.В.