МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОСТАНАА УШТЕ 5 СРЕДБИ ОД РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ НА СЕЗОНАТА

Се ближи крајот од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство на Македонија а на врвот на табелата вистинска гужва. Во последните три одиграни средби ЕуроНикел загуби дома од МЗТ со 81:96 и најверојатно ја загуби втората позиција на табелата. Пелистер и ЕуроНикел сега на врвот имаат по 37 бода но битолчани имаат уште еден натпревар и тоа против Работнички кој го победи МЗТ 2 со резултат 84:77 и собраа 36 бода. МЗТ со победата во Кавадарци се искачи на позицијата 4 но скопјани имаат 2 средби до крајот. ТФТ дома загуби од ФМП со 65:77. ФМП на тој начин влезе меѓу осумте екипи кои ке разигруваат за титулата а извиси Кожув кој ке игра плеј аут.

М.В.