МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РАБОТНИЧКИ - ЕУРОНИКЕЛ 66:68Полуфиналните натпревари од кошаркарскиот плеј оф донесоа непријатни изненадувања за домашните тимови. ЕуроНикел среде Скопје го изненади Работнички и покажа дека предноста на домашниот терен ништо не значи славејки со минимални 66:68.По првите 10 мин Работнички водеше со 15:10 но на полувреме кавадарчани заминаа со +2 или 28:30. Третиот период ЕуроНикел го доби со високи 8:23. На почетокот на последните 10 мин кавадарчани поведоа и со +20 (36:56) и како да застанаа односно почнаа да тактизираат.На 64 сек до крајот ЕуроНикел водеше со 57:66 но прими 7 коша а не даде ни еден па на 14 сек до крајот беше само 64:66. Кавадарчани имаа помирна рака во пенал завршницата па Мијатовиќ со 2 поени од слободнии фрлања донесе важна победа на својот тим и водство во полуфиналната серија. Кај Работнички најефикасен беше Бундовиќ со 21 поен, Аска даде 12 а Младеновски 10. Кај ЕуроНикел Рикиќ даде 17 поени а собра и 13 скока, Мијатовиќ реализираше 14 поени а Дубински 12.И екипата на Пелистер во своето Битола беше нешријатно изненадена од тимот на МЗТ кој победи со 72:79 благодарение на катастрофалното второ полувреме на битолчани.Вторите полуфинални средби се играат веке утре, петок но овој пат улогата на домакини ке ја имаат ЕуроНикел во Гевгелија и МЗТ во Скопје