МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

4 ЕКИПИ ОД СРБИЈА, ПО ТРИ ОД БОСНА И ЦРНА ГОРА, ПО 2 ОД ХРВАТСКА И МАКЕДОНИЈА И ЗАСЕГА ЕДЕН ТИМ ОД СЛОВЕНИЈА

Доколку преку Википедиа ја отворите страната на АБА 2 лигата ке забележите интересни податоци за сезоната 2021/2022. Ако го погледнете списокот на учесници за следната сезона ке забележите дека на списокот како учесници од Македонија фигурираат екипите на МЗТ Скопје и ЕуроНикел Кавадарци. Чисто информативно од 16 учесници познати се имињата на 15. Од Србија тоа се екипите на Младост Макс Бет од Земун, Војводина од Нови Сад, Слобода од Ужице и Златибор од Чајетина. Од Црна Гора тоа се екипите на Ловќен од Цетиње,Сутјеска од Никшиќ и Подгорица од Подгорица.Од БИХ ке се натпреваруваат екипите на Спарс од Сараево, Борац од Бања Лука и Широки од Широки Бријег. Од Хрватска тука се екипите на Горица од Велика Горица како и Адриа Оил од Шкриљево која средбите ги игра во Чавле. Тука е екипата на Хелиос Санс од Домжале, Словенија и македонските претставници МЗТ и ЕуроНикел. Според Википедиа не е познат шеснаесеттиот учесник а за вајлд карта во игра се босанските екипи на Леотар и Челик,хрватските Шибенка и Цедевита Јуниор,црногорскиот Ибар Рожаје,српскиот Нови Пазар и македонските Пелистер и Работнички.

М.В.