МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАПИТЕНОТ НА ЕУРОНИКЕЛ, ЈАНЕ ПЕТРОВСКИ СТАВА КРАЈ НА ИГРАЧКАТА КАРИЕРА

КК ЕуроНикел остана без својот капитен. Јане Петровски на 36-годишна возраст одлучи да стави крај на својата играчка кариера. Иако кавадарчани имаа желба да ја продолжат соработката и за претстојната сезона сепак Петровски се одлучи токму клубот во кој ги мина последните шест сезони да му биде последен во кариерата. Кавадаречката 42, во својата кариера настапуваше за Водњански Лисици, Никол Ферт, Поло Трејд, МЗТ, Работнички, ФЕНИ и ЕуроНикел. Интернационалната кариера ја одработи во унгарскиот Шопрон, украинскиот Симферопил и бугарскиот Рилски Спортист. Вистински професионалец до крај, спортсмен но пред се голем другар. Кавадаречкиот снајпер како што го нарекуваа навивачите секогаш ги почитуваше сите и беше почитуван. Затоа капитену, спортско Кавадарци ти благодари за се.Во меѓувреме клубот официјализираше две нови имиња во ростерот за следната сезона. Ивица Димчевски по неколку сезони поминати во Гостивар сеодлучи да смени средина и доаѓа во Кавадарци. Димчевски пред Еуро Никел има настапувано за Вардар, Торус, Куманово, Работнички, Струмица, Кожув и за Гостивар. Второто име е Бранислав Ѓекиќ. 207 цм висикиот крилен центар доаѓа од Куманово а кавадаречката публика добро го памети бидејки во сезоната 2016/17 го носеше дресот на Фени Индустри.

М.В.