МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИОТ СНАЈПЕР ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈАМКК Еуро Никел достоинствено го испрати својот довчерашен капитен Јане Петровски во кошаркарска пензија

Пред почетокот на натпреварот против Гостивар екипата на Еуро Никел организираше мала свеченост во чест на еден свој поранешен кошаркар. Јане Петровски во последниве две децении важеше за еден од најдобрите плејмејкери во македонската кошарка. По завршувањето на минатата сезона тој стави крај на својата играчка кариера, а неговиот последен клуб Еуроникел каде ја носеше и капитенската лента достоинствено го испрати во спортска пензија. Претседателот на УО на КК Еуроникел Ванчо Филков по повод пензионирањето, на Петровски како спомен му врачи врамен дрес со бројот 42, оној што го носеше како активен играч. Пригоден подариок Петровски доби и од генералниот директор на компанијата Еуроникел Герасим Кујунџиев. Петровски беше член на Еуроникел (претходно и Фени Индустри) од 2015 година, а крајот на кариерата го дочека како капитен на тимот. Најголемиот подарок Јане го доби од кавадаречката публика која со стоечки овации го испрати капитенот оддавајки му почит и заблагодарувајки му се за се што стори за клубот и кавадаречката кошарка.

М.В.

243870724_1340941896359836_3349214123467431433_n