,,Пробаскет,, ке биде дел од елитната група А а Трокал ке настапува во групата Б

Две недели по стартот на првата лига во машка конкуренција викендов стартуваа и возбудувањата во женската најквалитетна конкуренција. Годинава девојките ке играат по нови правила. Ке има само една прва лига која и оваа сезона ке биде поделена во две групи а нема да има понизок ранг. Во најквалитетната група „А“ ќе се натпреваруваат најдобрите осум екипи според постигнатиот пласман во изминатата сезона а тоа се екипите на Баскет КАМ, Бадел, Вардар, Струга, Работнички, Крива Паланка, МЗТ и екипата на Пробаскет од Кавадарци. Тие ке играат двокружно и плус уште 7 кола според Оролоџо систем или вкупно 21 коло.Останатите екипи се дел од групата „Б“ а можност за премин меѓу најдобрите ќе бараат Риниа, Мега Баскет, Патриот, Пантери, Шкупи, Гостивар, Куманово, Гризли, Тим Арена и екипата на Трокал од Кавадарци. Овие 10 екипи ке играат двокружно или 18 кола. По регуларниот дел од сезоната ке стартува разигрувањето. Седмо и осмо пласираната екипа од групата А по оролоџото ке разигруваат со првиот и вториот од групата Б по принципот дома гости на кош количник. Победниците од овие дуели заедно со другите 6 од групата А следната година повторно ке играат во елитата и ке разигруваат за шампионската титула во четвртфинални дуели на две добиени средби и прв дуел на теренот на послабо рангираниот тим.Групата А стартуваше изминатиов викенд и се постигнаа следниве резултати: МЗТ – Вардар 40:73, Баскет КАМ – Пробаскет 99:58, Бадел – Крива Паланка 87:61, Работнички – Струга 49:78. Во следбното коло овој викенд Пробаскет во Кавадарци ке го пречека Вардар. Групата Б според најавите треба да стартува овој викенд.

М.В.

245490530_5188788881137526_295173533868401057_n