МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кај девојките Пробаскет го пречекува шампионот Баскет Кам а Трокал е слободен

Кошаркарите по репрезентативната пауза се враќаат на терените со средбите од 9 коло. Три средби се играат во сабота и три во недела. Во сабота играат Работнички - Кожув, Ангели - Пелистер и МЗТ 2 - Еуроникел. Кавадаречките кошаркари во овој дуел посакуваат продолжение на победничката серија. Во недела ке се одиграат средбите Куманово - Феникс, Гостивар - ФМП а дербито ке го одиграат ТФТ и МЗТ. Кај девојките од елитната група А на програмата е 8 коло а се срекаваат Вардар - МЗТ, Кр.Паланка - Бадел, Струга Работнички и во Кавадарци во недела од 13 час Пробаскет го пречекува Баскет КАМ. Нашите девојки по 7 одиграни кола се последни без ниедна победа додека Баскет КАМ сепак сеуште е актуелниот шампион на Македонија. Средбата Пробаскет - Баскет КАМ ке може да ја проследите и во директен пренос со коментар на програмата на КТВ телевизија во недела од 13 часот.Во групата Б на програмата е 7 коло. Двојките се Куманово - Мега Баскет, Гостивар - Патриот , Шкупи-Тим Арена и Гризли - Ринија. Екипата на Трокал во ова коло е слободна но тие се лидери без пораз со 6 победи во исто толку натпревари.

М.В.