МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРО НИКЕЛ ГО ИЗНЕНАДИ ПЕЛИСТЕР СРЕДЕ БИТОЛА - РАБОТНИЧКИ И КОЖУВ КИКСИРАА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

18 коло од првата машка кошаркарска лига донесе неколку изненадувања. Малку кој веруваше дека Еуро Никел ке може да го изненади Пелистер среде битола поготову по убедливиот пораз кој го преживеаја кавадарчани на свој терен токму од битолчани пред само 7 дена. Меѓутоа кавадаречките кошаркари се надминаа себеси одиграа перфектно и го искористија факторот изненадување а можеби и мало потценување. Се избори Еуро Никел за продолженија и тоа не едно туку три и на крај момците на Самарџиев од Битола се вратија со крената глава и победа од 116:122. Второто изненадување го направи тимот на ТФТ кој само ја продолжи кризата во редовите на РАботнички и славеше на гостински терен со 73:77. МЗТ не дозволи изненадување на домашен терен и го совлада Гостивар со 93:76,исто како и Вардар кој со 85:79 во дербито на дното го совлада МЗТ 2. Кожув киксна на домашен терен и загуби од ФМП со 77:84 па сега ФМП е многу поблиску до пласман во плеј офот.

М.В.