МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Блесква партија на Тоше Златев со дабл-дабл учинок од 17 поени и 15 скока

Еуроникел ја продолжи победничката серија откако вечерва го декласираше на гостински терен тимот на Ангели со убедливи 46-101. Тренерот Самарџиев откако ја испита силата на противникот ги одмараше искусните а шанса да играат им даде на најмладите. Но и тие беа пресилни за противникот. Разликата од минута во минута растеше па Еуроникел на полувреме имаше убедливи 24-54. До крај рутински кавадарчани го декласираа противникот за убедливи + 55 разлика. Младиот Тоше Златев максимално ја искористи можноста да игра. А одигра речиси 33 мин и беше најефикасен кај кавадарчани со 17 поени, со извонредни 80% реализација а запиша и 15 скока. Кај Ангели единствен двоцифрен беше Деолски со 15 поени.

М.В.