МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

И покрај поразот кавадарчани ја задржаа третата позиција на табелата

Актуелниот шампион на Македонија, екипата на МЗТ во реприза на ланското финале, славеше против Еуро Никел со резултат79-63. Овој натпревар беше неизвесен само во првото и на стартот од второто полувреме каде Еуро Никел одлично парираше и не му дозволи на противникот да наметне свој стил на игра а по 20 минути игра беше 35-33 за домашниот тим.На стартот од второто полувреме МЗТ се одлепи и не му дозволи на кавадарчани да се вратат во игра па на крај славеа и со убедливи 79-63. Кај Еуроникел единствено Калахан со 13 и Дубински со 11 поени беа двоцифрени. Во останатите средби од ова 2 коло од плеј офот се постигнаа следните резултати: Пелистер – ТФТ 83-64 и Гостивар – Феникс 66-69, Еуроникел ја задржа третата позиција на табелата зад водечките Пелистер и МЗТ со бод повеке од ТФТ и два од Феникс и Гостивар.Третото коло се игра веке утре и задутре. Утре играат Пелистер и Гостивар а во четврток Феникс ке го пречека МЗТ а во салата Јасмин од 18 часот Еуроникел ке игра со ТФТ

М.В.