МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кошаркарките од елитната група А ке доиграат уште 7 кола според оролоџо систем

КФМ го објави распоредот за оролоџото според кои ке продолжат натпреварите во првата женска кошаркарска лига во елитната група А. Тоа значи дека ке се одиграат уште 7 кола од регуларниот прв дел. Според оролоџо распоредот екипата на Пробаскет во првото коло е слободна а потоа ке игра дома со екипата на Крива Паланка. Следува гостување кај Вардар па дома со Бадел, на гости кај МЗТ, дома со Струга и на крај гостуваме кај Баскет КАМ. Потоа ке следи разигрување односно 7-миот на табелата ке игра бараж за опстанок со вториот од групата Б. Победникот од тој дуел заедно со шесте првопласирани од групата А како и шампионот од групата Б ке разигруваат за титулата

м.в.