МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фаворитите беа сигурни во редовните кола во првата А и првата Б женска лига

Изминатиов викенд стартуваше втората фаза од натпреварите во најсилната женска кошаркарска лига група „А“. Во оваа фаза предвидени се уште седум кола, според „Оролоџо“ системот, по кои ке стартува доигрувањето за шампионската титула. Во првото коло, очекувани победи постигнаа екипите кои важат за фаворити за највисоките места во првата „четворка“. Ново-стариот освојувач на Купот, екипата на Баскет КАМ победи на гостински терен во Крива Паланка 88:75, и го држи притисокот врз лидерската екипа на Бадел која лесно го доби МЗТ Скопје со 80-59. Победа, и тоа убедлива забележаа и кошаркарките на Вардар кои на свој терен беа многу подобри од Струга со 78:55. Слободна беше екипата на Пробаскет. Во следното коло во Кавадарци екипата на Пробаскет ја пречекува Крива Паланка во сабота. Струга ке игра со Бадел а Баскет КАМ со Вардар. МЗТ Скопје е слободен.Во групата „Б“ сигурни беа фаворитите кои конкурираат за највисок пласман Кавадаречки Трокал славеше на гостувањето во Гостивар со 49-77 и го задржа чекорот пред екипата на Гризли која во ова коло беше убедлива против младиот тим на Тим Арена со 64:39. Во Делчево, Патриот немаше милост против прилепски Мега Баскет и го декласира со 118-11, а екипата на Шкупи , исто така убедливо, ја порази Ринија со 78:37. Во следното коло претстојниов викенд Тим Арена го пречекува Патриот,Шкупи е фаворит на гостувањето кај Мега Баскет, Риниа игра со Гостивар а Гризли е слободен. Во Кавадарци во салата Партизан во сабота Трокал е апсолутен фаворит во дуелот со Куманово.

viber_image_2022-03-02_12-53-22-600 Мики Виденовиќ