МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пробаскет не успеа да ја совлада Крива Паланка а Трокал беше убедлив против Куманово

Викендов продолжија возбудувањата во првата машка кошаркарска лига со средбите од 17 коло. Ангели – ТФТ 54-77, МЗТ 2 – ФМП 63-84, Гостивар – Феникс 96-75. Во салата Јасмин Еуроникел го пречека Кожув и забележа триумф со резултат 78-63. Клучна за победата на кавадарчани беше серијата од 15-0 пред крајот на втората и почетокот на третата четвртина по која Еуро Никел поведе со 47-32 и се понатаму беше само рутина за играчите на Горан Самарџиев. Дарко Соколов со 16 поени беше најефикасен во тимот на Еуро Никел, Кире Николовски реализираше 14 поени, 7 скока и три асистенции а Калахан додаде 11 поени. Одлична партија пружи младиот Тодор Златев кој одгра речиси 27 мин и максимално ја искористи укажаната допверба со 8 поени и 5 скока. Кај Кожув најефикасен беше Тревон Бродвеј кој го заврши натпреварот со 17 поени, 10 скока и шест асистенции . Во големото дерби Работнички – МЗТ 83-89 а средбата Куманово Пелистер се игра денеска..Кај дамите во елитната група А на програма беше второто коло од оролоџото. Про Баскет не успеа на домашен терен да го совлада тимот на Крива Паланка иако беше и повеке од рамноправен противник но на крај загуби со 56-66. Струга – Бадел 53-81 а денеска се игра дербито помеѓу Баскет Кам и Вардар.Во првата женска кошаркарска лига група Б во рамките на 14 коло Трокал ја шпродолжи доминацијата и го совлада Куманово со 68-22. Тим Арена – Патриот 47-42, Мега Баскет – Шкупи 23-116 и Риниа – Гостивар 47-81.

м.в.