МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОРАЗИТЕ НА АНГЕЛИ И ОХРИД НАЈГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА

Поразот на Ангели на гостувањето во Велес од екипата на Борец Баскет со 71:48 го одбележа 14.коло од Втората машка кошаркарска лига.Сега екипата од Драчево со овој пораз се израмни со бројот на бодови кои ги има екипата на Феникс кој стигна до убедлива победа против Куманово 2 со 103:56. Во ова коло беа одложени две средби и тоа Струмица-Про Баскет и Баскет КАМ – Шкупи.Во западната група екипата на Чаир го декласираше младиот тим на Спарта со 100:67. Изненадувачки Охрид загуби на гостувањето во Битола од Пелистер Медика карта со 71:66.Екипата на Тетекс го доби мошне важниот меч со битолска Хераклеа со 79:75. И екипата на Спорт Тим забележа победа на домашен терен со 78:75 против екипата на Мега Баскет.

М.В.