Веке во сабота кавадарчанки ги чека четвртфиналната пресметка со шампионот „Баскет КАМ„

Официјално и дефинитивно екипата на Пробаскет и следната сезона ке игра во кошаркарската женска елита. Во кавадаречката пресметка тие повторно беа убедливи против помладите колешки од екипата на Трокал овојпат со резултат 83-48. Оваа победа има и поголема тежина ако се знае дека Пробаскет настапи без американката Томас на која и истече договорот со клубот и се врати во САД. Покрај тоа целиот натпревар од клупа го изгледа и искусната Елеонора Георгиева Атанасова. Меѓутоа одлична замена за овие две на теренот под обрачите беше Стефанија Костадинова која средбата ја заврши со 17 поени. Софија Стоева го предводеше својот тим со 22 поени а по 15 уфрлија Теа Митрева и Форка Ѓорѓиева. За разликаод нив во екипата на Трокал повторно единствена која му парираше на противникот и го носеше својот тим беше Љубица Бошкова која средбата ја заврши со 29 поени и беше единствена двоцифрена.Пробаскет продолжува во четвртфиналето од плеј офот и веке во сабота во Каменица ке се сретне со актуелниот шампион Баскет Кам.

М.В.