МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Велосипедистите активни за ,,Гроздоберот,,

Педесетина велосипедисти, членови на групата на рекреативни велосипедисти „Тиквешки точакџии“, со рекреативна и ревијална велосипедска трка се вклучија во одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Стартот и беше пред црквата „Света Петка“ во новиот центар на градот.Тиквешките точкаџии продефилираа низ централното градско подрачје за потоа да се упатат кон поставените дестинации, Моклиште за почетниците и Витачево - село Бунарче - Моклиште за понапредните велосипедисти.

Покрај со ревијалната трка, „Тиквешките точкаџии“ ќе бидат дел и од карневалското дефиле кое е закажано за вечерва со почеток од 19 часот.