МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките ракометари го доживејаа првиот пораз на свој терен ова сезона.Во првата ракометна лига во Кавадарци ГРК Тиквеш беа поразени со 25-35.

Резултатот сам по себе зборува за натпреварот во кој ниеднаш нашите ракометари не изедначија или не поведoа. Скопјани беа компактна екипа во која секој си ја знаеше својата улога на теренoт.

ГРК Тиквеш, изгуби повеќе топки,од кои можеше да профитира.Очигледен беше падот во играта пред се борбеноста кај нашите.На што се должи тоа немаме информација.

Да се надеваме дека ова е краткотрајно паѓање на формата на ГРК Тиквеш, кој ова серона има голема амбиција .Ваквите порази не треба да ги деморализираат играчте и стручнио дел од тимот, се разира и Управата.