МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со реконструкцијата беа опфатени повеќе градежни активности

Подрачното училиште во село Прждево било изградено 1928 година , а започнало со работа 1930 година. Со текот на времето во оваа училиште се јави потреба од реконструкција. Со реконструкцијата беа опфатени повеќе градежни активности, меѓу кои: санација на кровната конструкција, изградба на тоалети и спуштени плафони, поставување на нова подна конструкција, замена на постоечките прозорци и врати со ПВЦ, изградба на нови оџаци и фасада, а беше набавен и нов училишен инвентар и грејни тела. Проектот е целосно финансиран од страна на Министерството за образование и наука во рамки на програмата за реконструкција на основни училишта во рурални средини.На 09 мај 2019 година во присуство на претставници од Министерството за образование и наука и Локалната самоуправа беше извршен технички прием на реконструираната училишна зграда во подрачното училиште во с.Прждево, а пак вчера на 13. мај 2019 година по повод патрониот празник на основното училиште Димче Ангелов Габерот на свечен начин во присуство на голем број граѓани подрачното училиште во село Прждево беше предадено во употреба.

(старата зграда на училиштетето во село Прждево).1345.jpg