МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фестивалот ќе се одржи од 19 до 21 Maj 2017.

Спортскиот клуб „Клисура“ во соработка со Општина Демир Капија по 4-ти пат ве поканува на незаборавно дружење во природа. Местото за Фестивалот е уникатната природна убавина во регионот на општина Демир Капија која што е идеална за сите спортови и рекреации кои што се одвиваат во природа. Целта на фестивалот е зацврстување дружењето помеѓу сите љубители на природата и спортот.Ние ги покануваме сите спортски клубови и федерации за соработка и учество како и качувачи, алпинисти, велосипедисти, планинари, спелеолози и сите они кој што ја сакаат природата планините реките и шумите и добро дружење.Во текот на деновите на фестивалот сместувањето е во камп за шатори, и во алпинистичките домови и останати хотели во Демир Капија. Исто така се обезбедени и места за презентација на вашите омилени активности , филмови и слајд шоуа ќе може да ги представите на неколку видео бимови во ресторанти.Неофицијално ќе бидат ангажирани и неколку бендови и друга културна забавна програма . Исто така ќе функционира и спасителната служба.