МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Демир Капија ги испраќа во историјата живините светилки.Ке инсталира нови, еколошки и штедливи лед светилки

Во Демир Капија беше потпишан договор со фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје за модернизација на уличното осветлување во ова Општина со сите населените места.Модернизацијата вклучува комплетна замена на живините светилки со лед светилки.Предвидено е да се заменат 763 лед светилки и да се поставуват 70 нови столбови од влезот на Демир Капија до градскиот пазар во должина од 2 километри, а воедно ќе бидат поставени подземни напојни кабли за поврзување на истите.

Со промена на светилките ќе се добие подобро осветлување, ке се заштеди електрична енергија и ке се намалат трошоците за одржување.Целосното извршување на предвидените активности е планирано за шест месеци.