Mарихуана била пронајдена вчера при претрес во две куќи во Демиркаписко.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека едниот претрес бил во Демир Капија, а другиот во демиркапиското село Чифлик.
-Вчера во 11.00 часот при претрес во домот на 29 годишен демиркапиец пронајдени биле и одземени кутија со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и метална дробилка за марихуана, појаснува Додевски.
Предметите биле користени при недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги, спротивно на член 215 од Кривичниот закон.
Час и половина подоцна, во селото Чифлик бил извршен претрес во куќа на 38 годишно лице од Демир Капија.
-Притоа биле пронајдени и одземени кеса со зелена растителна материја, најверојатно марихуана и две помали кеси со бела прашкаста материја, најверојатно хероин, додава Додевски.
Предметите биле користени при недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги, спротивно на член 215 од Кривичниот закон.