МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На неа беа разгледани и усвоени 25 актуелни материјали од дневниот ред.

Меѓу нив-донесена е Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Демир Капија за 2016 година како и одлуката за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2017 година.По разгледувањето на шестата точка беше донесена одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2017 година.Советниците ги разгледаа и донесоа :Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Демир Капија , Програмата за изработка на урбанистички планови ,Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Демир Капија за 2017 година , Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, Програмата за управување со отпад за 2017 година и Програмата за енергетска ефикасност за период 2016-2018 година на единицата на локална самоуправа Демир Капија.

На ова седница советниците ја усвоија Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Демир Капија за 2017 година и ја утврдија пазарната вредност на градежно и земјоделско земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија .На последната седница во 2016 година донесена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за пристапување на Општина Демир Капија како еден од основачите на Фондацијата “Кластер за туризам на тиквешкиот регион“.

Од другите материјали извојуваме; Донесено Решение за давање согласност на Годишната програма за работа и развој (со финансиски план) на Јавното претпријатие за комунални работи "Бошава" од Демир Капија за 2017 година, Решение за формирање комисија за изработка на Предлог-програма за работа на Советот за 2017 година а беше усвоен Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Демир Капија за минатата година. Усвоена е Програмата за работа на ОУ „Дом на култура“ Мирка Гинова Демир Капија за 2017 година и годишниот финансиски план за на ова институција а се расправаше и за други актуелности во надлежност на Локалната самоуправа.