МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 02.03.2020 година Општина Демир Капија потпиша Меморандум за соработка и разбирање со Министерството за Транспорт и Врски за зајакнување на патна инфраструктура и рехабилитација на локални патишта и улици на територијата на Општина Демир Капија и околните села. Вредноста на обезбедената инвестиција е 778.800,00 евра кои општината нема обврска да ги враќа. Врз основа на Јавниот повик бр. 26-4553/1 од 23.05.2019 година од страна на Министерството за финансии преку проектната единица МСИП се финансираше изработката на техничка документација за три локални улици во општина Демир Капија односно за КО Чифлик, КО Корешница и КО Прждево. По изработката, целокупната техничка документација и беше предадена на Општина Демир Капија.

88336084_2636034886628240_2024894921911042048_n