МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Демир Капија беше одбележан Меѓународниот ден на шумите, во организација на Јавното претпријатие “Македонски шуми”.

На претходно подготвени површини, учениците посадија околу 3000 садници под мотото „ Шума на младите“ – жив споменик на младите за идните генерации“. Обединетите Нации и членките на ФАО ( Организацијата за храна и земјоделство) во 2013 година одлучија да го прогласат овој ден за ден на шумите, со цел да се подигне свеста за важноста на сите видови на шуми и дрвја надвор од шумите. Препораките се следни, се повикуваат сите земји-членки да се посветат на одбележувањето на овој ден, соодветно во националниот контекст, преку презентирање и промовирање на конкретни активности во однос на сите видови на шуми и дрвја надвор од шумите, да организираат активности како што се кампањи за садење дрво, информираше Јован Јованов, директор на подружницата во Демир Капија.

Настанот беше организиран во соработка со општина Демир Капија и Јавното комунално претпријатие, со учество на учениците од Основното училиште „Димче Ангелов Габерот“, ЈП Македонски Шуми – Демир Капија и останатите локални институции, заедно со граѓански здруженија и сите заинтересирани граѓани. -Концептот на спомен шума „Шума на младите“ подразбира шума заштитена од копачење, сечење и други уништувања на дрвјата кои се сопственост на граѓаните – во нашиот случај на децата од Општина Демир Капија. Секоја наредна година оваа шума ќе се проширува и обновува од новите генерации ученици, помогнато од возрасните. Потребата од активност за подигање на јавната свест за значењето на постојаното пошумување на голините и деградирани-опожарени земјишта, е посебно потребна сега, кога има зголемен интерес кај граѓанскиот сектор (организации, еколози, планинари, извидници, рекреативци) за пошумување, и кога времето идеално одговара за ваква активност, а ќе допринесе за промоција во јавноста на пошумувањето помогнато од ЈП „Македонски шуми“, кое и покрај овие настани врши редовни пошумувања согласно законската регулатива.