МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Станува збор за две лица кај кои по извршените тестирања е потврдено дека се позитивни на коронавирус

Градоначалникот Лазар Перов ги замолува сите останати граѓани да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат мерките и препораките од Министерството за Здравство со цел да спречиме да дојде до ширење на вирусот.

-„Општината како во изминатиот период така и отсега ќе продолжи со редовно дезинфицирање на улици, јавни површини, влезови на згради и други објекти од јавен карактер и ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на населението од оваа пандемија.

Во овие тешки моменти со кои ние како мало населено место се соочуваме, ве замолувам да престане ширењето дезинформации и паника за да се спречи стравот кај граѓаните за сопственото здравје и безбедност.Доколку има некој информации а сметате дека треба да ги знаеме ве молам испратете ги по СМС.

Ние како локална самоуправа континуирано и навремено ќе ве известуваме за понатамошниот тек на настаните, а вие како совесни граѓани почитувајте ги мерките за социјално дистанцирање пд 2 метра и носете заштитна опрема(маска и ракавици)со што би се заштитиле самите себе и своите најблиски.“ - се наведува во обраќањето на градоначалникот Лазар Петров до граѓаните.

м.д.