МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Горниот кат и покривот од куќа на улица „Маршал Тито” во Демир Капија изгореле во пожар што избувнал синоќа околу 19 часот. Како што информираше утрово командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино- Иле Илиев, пламените јазици биле локализирани во 22.30 часот. Повредени лица нема.

– Интервениравме веднаш штом ја добивме пријавата за пожар. Сторивме се што можевме, во гаснењето учествувавме со две противпожарни возила и шест пожарникари, соопшти командирот.

Сопствениците на индивидуалниот станбен објект кој горел биле на работа во Италија, на лице место биле нивни блиски.