МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МЕМОРИЈАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА СЕ ОДРЖА ПО 7 ПАТ ПРОСЛЕДЕНА СО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ НАСТАПИ

Синоќа во Музејот при Домот на културата “Мирка Гинова“ во Демир Капија се одржа седмото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ посветена на еден од најдобрите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

Манифестацијата се случи во Демир Капија затоа што како и во многу други места и градови Ристо Соколов Сокол оддржа врвни самостојни изложби и мултимедијални перформанси токму во Демир Капија. Присутните ги водеше пријателот на Ристо, кавадаречкиот актер Александар Малинков.Ова издание донесе изложба на дела од Ристо Соколов Сокол,неговиот циклус „Десетте божји заповедии“ а во музички дел први настапија триото “Ad Libitum“ во состав Емилија Кабранова Филипова – пијано, Силвана Чулева Атанасова – флејта и Лазар Соколов – кларинет. Потоа за Ристо говореше неговиот пријател Звонимир Будимировиќ од Демир Капија. Малинков ги воведе присутните во манифестацијата и делата кои беа изложени за на крај да настапи дуото акустични гитари Зоран Стојков и Петар Николовски од Демир Капија. Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“’ Кавадарци каде Ристо Соколов Сокол беше еден од основачите, а годинава заедно со Домот на културата “Мирка Гинова“ Демир Капија манифестацијата се одржа во чест на Денот на културата во Република Македонија – 10 јуни. Покровители на манифестацијата беа Градоначалникот и Советот на општина Демир Капија.Манифестацијата не се одржа во редовниот термин (16 април) поради забраната за оддржување настани во време на пандемија. На крај поразговаравме и со градоначалникот на Демир Капија - Лазар Петров и со претставникот од Алтер Центар - Марјан Тодоровски.

М.В.

197989573_810720389584600_145381222474892915_n