МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Асфалтирана улицата „Орце Николов“ во Демир Капија

По изведувањето на подготвителните градежни работи се изврши асфалтирање на улица Орце Николов во Демир Капија во должина од 600 метри и ширина од 4 метри. Во реконструкцијата на улицата е опфатено тампонирање, поставување на бетонски ивичњаци и асфалтирање на коловозот. Градежните работи ги изведе друштвото за градежништво и трговија Жикол ДООЕЛ експорт импорт Струмица. Јавното комунално претпријатие Бошава претходно изврши поврзување на водоводната мрежа со новиот водовод се со цел за поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење. Покрај ова на дел од улицата во должина од 200 метри се постави и атмосферска канализација.