МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Промоција на вицовите  „Лакардиите на Паја“
Кавадаречкиот хумор се враќа на голема врата преку реализирање на телевизискиот и филмски  проект посветен на оригиналниот кавадаречки хумор. "ЛАКАРДИИТЕ НА ПАЈА" се единствена хумористична серија после легендарната "Династија на Кавдаречки начин" со автентичен наш хумор, и со целосно наша kавдаречка екипа, од глумци преку снимател, монтажер, уредници, продуцент, режија, и се разбира оригиналните верзии од вицевите на витезот  Златко Вузевски  - Паја... Идеата која стана реалност која изминатите неколку месеци, се реализира во Кавадарци така како што беше замислена. Градот во кој сметаме отсекогаш  има здрава смеа, хумор кој трае со години, во кој живеат луѓе шегаџии, мајтапџии,  без разлика на смената не генерациите ,секогаш знаел да си ја разгали душате со ведрина.Затоа и се  решивме да го реализираме овој серијал со  понуда на автентичнен хумор од  Тиквешијата сметајќи дека ке бидеме разбрани од најголемиот број наши пријатели и обични луге, за кој ги наменивме  филмуваните вицови на Витезот на шегата Златко Вузевски- Пајата. Првите 50-на вицови кои се прилагодени и снимени ,   составен дел се од првиот серијал или циклус  кој ке биде достапен до сите вас преку нашиот медиум. Засега обработивме и реализиравме  избор од веќе објавените вицови на Пајата во неговите две книги   „Sидот на Паја„ и „ Лакардиите на Паја“.  Сите ги  сместивме во рамките на проектот „Лакрдиите на Паја“ олицетворени преку двата основни ликови Блажо и Мара. Се работи за обични луге преку  кои   секој поединец ке најде барем дел од себе-затоа сметаме дека овие два лика ке бидат топло примени од сите вас. Тоа што сите ве интересира ; кога ке ги гледате  ? !...Премиерата на нови вицови ке биде секој вторник и петок во терминот од  10  часот на нашиот Фејсбук профил  РТК.MK  и на нашиот Веб  Портал  www.rtk.mk    на секцијата  RTK-LIVE. Репризите ке бидат емитувани  секој  вторник,петок и недела  на RTK-LIVE од 21 .30 часот. По емитувањето на првиот циклус  ке следува втор и трет серијал, што беше наша основна идеја  уште на почетокот. Целта е хуморот да стане ваше секојдневно, апче со кое животот ке ви биде поубав. Ако  успееме  да го разбудиме во Вас тој одамна подзаборавен  значаен сегмент од Вашето секојдевјето , тогаш сме ја оствариле нашата задача-да ви го разведриме животот. Бидете секој ден со  Блажо и Мара  ,тие нека бидат ви прават друштво кога пиете кафе, кога разговарате,кога шетате по ФБ, кога читате политика,кога имате проблеми или кога сакате да избегате од модерната депресија. Проектот ЛАКРДИИТЕ НА ПАЈА  ке го промовираме на вонвременската манифестација „АлШар-2017“ во Мрежичко на 10 - јуни годинава  околу 20 часот . Пред учесниците на убедливо најмасовната  рекреативна - спортска средба во Општина Кавадарци годинава ,ке бидат премиерно прикажани неколку  вицови, а ке има и други изненадувања поврзани со овој серијал.Време е за „Лакрдиите на Паја„