В Денеска се одржа работна средба на Градоначаникот Митко Јанчев со Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Н.Е. Озлем Џанел. На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката во областа на економијата , како и за развојот на младинскиот центар и културата. Посебен акцент беше ставен на културната размена, вклучувајќи создавање холандско катче со холандска литература и посета на Библиотеката, каде веќе постои холандско катче со литература од Холандија, кое е донација од Амбасадата. Посетата продолжи во Винскиот музеј, каде што амбасадорката беше запознаена со винската култура и туризам во Тиквешкиот регион. 



