ГФК Тиквеш планира  годинава   да воведе сезонски билети за следење на натпреварите во Втората Фудбалска лига-Исток.Првиот  сезонски билет за натпреварите на ФК ТИКВЕШ го купи градоначалникот на Општина Кававадрци- Митко Јанчев.

Сите заедно , преку купување на сезонски карти, да му помогнеме на нашиот клуб а во исто време и да уживаме во следењето на фудбалските натпревари.

Oва школа се  реализира во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија , конкретно со фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и ГФК Тиквеш,  истовремено, од  17 до 21 јуни, со фудбалски кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци.

На годинашново , 20-издание на  традиционалнниот  фудбалскиот турнир во Кавадари,  кое ке се одржи на 3 август-сабота, ке учествуваат екипите на ; ГФК Тиквеш,ФК Работнички и ФК Беласица.Се игра еден ден по италијански систем, секој со секој.

Деталите на прес конференција ги соопшти претседателот на Управта Миле Масларков

Големиот светски Фудбалски клуб -Реал Мадрид со Фондација преку лиценцираниот партнер во Македонија, „Еуроспорт Арена“, стартува новиот голем проект за организација на фудбалски кампови со фудбалските клубови во државата.

Претседателите и членовите на Управите на 10 второлигашки фудбалски клубови( исток) денеска во Кавадарци одржаа средба во која  ги потврдија своите ставови и единство по неколку значајни работи кои се од важно значење за клубовите.Пред се, тие  единствени  ,и на ден пред истекот на рокот за уплата,немаат намера да ја платат котизацијата на ФФМ,  која им претставува тежок финасиски намет на сите клубови од ова лига.Тие рекоа дека и членовите на Втората фудбалска лига - запад се со сличен став.Освен за ова претставникот на Управата на ФК Кожуф генералниот секретар ;Горан Јанкулов кој ја водеше прес конференцијата, од име на сите второлигаши-исток, јавно проговори и за други проблеми поврзани со ФФМ, за кои имаат искажано намера за разговор со одговорните во ФФМ.

Учесниците на Лондонскиот фудбалски турнир, младите фудбалери на ГФК Тиквеш(родени 2006 година)  денеска во Собранието на Општината ги примија  градоначалникот Митко Јанчев и претседателот   на Советот Ристо Сакалиев.На приемот беше и претседателот на  на ГФК Тиквеш Миле Масларков.

На турнирот во главниот град на Англија учествуваа 36 екипи од популарни англиски клубови.Нашите  се претсавија во одлично светло,покажувајќи добра игра и примерно однесување.Честитки за управата на ГФК Тиквеш, спонзорите кои помогнаа да  се реализира учествто на турнирот, и се разбира признание и благодарност до иницијаторите  и помагачите на нашитте млади фидбалери во Лондон меѓу кои најзаслужен е Стевче Кислов, кој подолго време живее во Лондон  и работи во познат лондонски фудбалски клуб, чија доверба во фудбалерите, беше оправдана.

Неколку новини од таборот на ГФК Тиквеш 1930.

-Александар Мишов повторно во црвено белиот дрес!https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/te2/1/16/270d.png?_nc_eui2=AeG7whVTwZ6SxPhJk3pnm5sv_l1KkIZcEeGDiG_3HEeY9YwNSkPrgJnQxK9vnqMT46MAmYyPH4N4Enmau3NMsFer8e1Dvniw2k1XwhTCYdYZMQ");">✍

-Антонио Илиески е  ново засилување во нашиот тим.

-Денеска во рамките на подготовките во пријателска средба во Огрид ГФК Тиквеш - Динамо Врање 1-1

ГФК Тиквеш  оштетен со признавање на вториот гол на Силекс во бараж средбата во Скопје.Вториот гол за ФК Силекс е постигнат од офсај  позиција.Овој гол ги демолира фудбалерите ...

Средбата заврши со 2: 3 за Силекс.Tиквеш не влезе во Прва лига.

ГФК Тиквеш вчера попладне  ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка фудбалска сезона.Втората фудбалска лига-исток годинава  ке има силна конкуренција за освојување на врвот, и сезона Тиквеш соодветно се подготвува.Нови играчи на  ГФК Тиквеш се Ванче Шиков-интернационалец и репрезентативец и поранешен фудбалер на Тиквеш , Лазар Пеев,Димитар Иванов и Благојче Иванов. Во клубот својот ангажман го потврдија  голем дел од фудбалерите од минатата зезона а дел најавија заминување од клубот.На првиоит тренинг на фудбалерите им се обратија  тренерот Љупчо Димитковски кој останува во Тиквеш, и претседателот на клубот Миле Масларков.На првиот трениг беа сите помошници на тренерот, лекарот и членови на управата заедно со помошниот персонал.

-Турнирот „Вуко Каров„  ке се одржи на почетот на август (3 или 4 .08)

-Подготовки во Маврово од 19 јули 2019

Ова недела се очекуваат уште тројца нови играчи. Теренот и трибините ќе се реконструираат.

 

Прес на градоначалникот Митко Јанчев:

На пресот говореа и претседателот на Советот Росто Сакалиев ,и претседателот на Управниот одбор на ГФК Тиквеш Миле Масларков

На средбата присуствуваа сите фудбалери на Тиквеш.Беа тажни поради вчерашниот пораз од Силекс во вториот бараж, а веста од градоначалникот за поддршката и наредната сезона  беше примена со задоволство.

-Градоначалникот Јанчев, и Советот на Општина Кавадарци задоволни од пласманот на ГФК Тиквеш во ова првенство на ВФЛ Исток.Клубот е консолидиран, публиката се врати на трибините, во градот владее фудбалска атмосфера  како никогаш досега.Спортот стана составен дел на нашето живеење.Затоа  Локалната самоуправа и Советот ке продолжат и наредната сезона да го поддржуваат клубот .Најавени се градежни интервенции и работи на стадионот и трибините.
-Со ова Управа, стручниот и играчкиот кадар, в година ГФК Тиквеш повторно ке атакува за влез во Прва лига.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА