МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пролетно разубавување во градот преку засадување повеќе видови украсни садници од страна на волонтерскиот тим на Дрекслмајер – Во волонтерска акција дел од вработените, но и дел од практикантите во Дрекслмајер засадија декоративни садници кои ќе го разубавуваат просторот пред влезот во ученичкиот интернат и СОУ „Киро Спанџов – Брко“. Садници од типот фотиниа, каталпа и евонимус ќе му дадат нов лик на малиот парк во околината на овие образовни институции.Еко акцијата беше реализирана во пресрет на Меѓународниот ден на планета Земја како инцијатива и мотив за унапредување на заштитата на климата и животна средина.„Чиста и здрава животна средина во која живеат задоволни граѓани можеби е еден од поголемите предизвици со кои се соочуваме денес. Дрекслмајер во континуитет ги применува принципите за заштита на климата и животната средина и драго ни е што заедно со нашите вработени и со нашитепрактиканти имаме можност да дадеме свој придонес во рамките на оваа тема. Преку реализација на бројни еко активности сакаме да бидеме препознаени како сигурен партнер на заедницата во насока на поддршка при заштитата на животната околина“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор наДрекслмајер Македонија.ЈП „Паркови и зеленило“ ги направи потребните подготовки на земјенета површина за засадување, обезбеди алат и техничка поддршка, а во претходна координација со стручниот кадар напретпријатието беше одреден видот на зеленилото.„Особено сме среќни затоа што иницијативата за засадување зеленило беше поттикната од страна наДрекслмајер. Добро е кога компаниите покажуваат интерес за придонес во развојот на заедницата, а уште позначјано е кога волонтерски се вклучуваат и вработените и учениците. Сакаме да искажемеогромна благодарност до Дрекслмајер и сигурни сме дека одличната соработка ќе продолжи и воиднина“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“, подружница Кавадарци.Дрекслмајер е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години и се однесува одговорно не само кон луѓето, туку и кон заедницата преку реализација на проекти со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од кое се смета себеси за дел.

438165022_826896219459430_7131409617457723947_n