МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се асфалтира подлогата на улицата од Ваташката пошта до зградите Силекс

Денеска се очекува да биде завршено асфалтирањето на улицата „Страшо Пинџур„ од Ваташката Пошта до зградите Силекс.Изведувачите од утринава работат на улицата.

Се работи за обнова на асфалтната подлога во должина од 344 метри за што ке бидат потрошени 1.382.131 денари.Изведувач на работите е „Урбан инвест„.

Овој зафат е дел од проектот„Реконструкција и интервенција на локални патишта за селата Дреново, Марена,Ваташа, Сопот и Глишиќ“.За овој проект се обезбедени над 14 милиони денари.Него го администраира Светска банка.Општината ке ги инвестира во подобрување и ревитализација на патна и улична мрежа во селските населби, наведуваат од службата за односи со јавноста на ЛС Кавадарци.

(Изјава-градоначалник А.Панов)