МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Бура од реакции на социјалната мрежа Фејсбук поредизвика фотографијата од неговата керка, објавена на ова мрежа на еден родител

По вчерашниот немил настан во една од единиците на Детската градинка „Рада Поцева “ Кавадарци денеска разговравме со директорката Снежана Ганчева.Нашата соговорничка, очигледно возбудена и изненадена од проблемот кој настана во фирмата со која раководи, љубезно ни одговори дека навистина се работи за наше детенце од Кавадарци згрижено во РЕ,,Детелинка,, Монополска градинка. Да потсетиме дека се работи за случај кој јавноста го дозна на социјалната мрежа Фејсбук, кога вчера својата разочараност од односот кон негово дете ја сподели нашиот сограѓанин Д.П.

Според она што го постирал, можеме да разбереме дека неговата ќерка по земањето од градинка каде престојувала, забележал дека била со неколку мали ранички - со белези по лицето. Како и секој друг и тој разочаран од изгледот на неговото дете за негрижата на негувалителките или воспитувачите , конкретно во единицата каде престојува малата постирал неколку фотографии на ФБ мрежата, каде и ние се запознавме со случајот, при што Д.П. наведува дека малата (чиј идентитет не го објавуваме) многу плачела веројатно поради траумата која ја доживеала по добивањето на раничките по обравчињата;

За настанот, Ганчева дознала од нејзините колешки кои уште синоќа кои ја побарале по телефон, дознавајки за случајот од Фејсбук.Денеска на работа според директорката Ганчева дознала од одговорните дека настанот се случил вчера и се работи за обврска околу чувањето на малата штитеничка керка на Д.П. од Кавадарци, која требало да ја обават две негувателки-воспитувачки.Во моментот кога е настанато повредувањето на девојченцето( најверојатно на пауза) една од негувателките се оддалечила од групата во која престојувало повреденото девојченце , во која патем,имало 13 деца.Овде ке се бара и причината за траумата на малечката.

Инаку Ганчева ке ги преземе сите неопходни мерки околу дисциплински и други мерки за одговорност во случајот кој настанал со повредувањето на малата штитеничка .

Во богата кариера на Снежана Ганчева,долгогодишен директор на Детската градинка „Рада Поцева“ вакви и слични работи се случувале малку, или речиси ги немало и сега на крајот од работниот век, непријатно и е да се соочува со нив.Но сепак беше јасна дека правдата за овој случај ке ја истера до крај. Прво што ке направи, ни рече е да се извести соодветното министерство.