МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска,претставата која постигна голем успех во Кавадарци, ке ја видат гостиварчани а потоа и други градови

Претставата “Стјуардеси“ на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“, по текст на Марк Камолети, а во режија на Диме Коцевски, по успешните осум претстави на матична сцена пред кавадаречката публика, започнува циклус гостувања низ Македонија.Денеска од 20 часот, кавадаречките актери ќе гостуваат во Гостивар, на сцената на Центарот за култура “АСНОМ“, а во понеделник на 22 мај 2017, со почеток од 20 часот во Скопје на сцената на Дом на АРМ. Како претставување на дел од кавадаречката култура и уметност, во Гостивар пред почетокот на “Стјуардеси“, а во галерискиот простор на Центарот за култура ќе биде отворена изложба со дела настанати на Ликовната колонија Михајлово/Кавадарци.

18222710_459386327735124_6427435134671979530_n.jpg